Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: 5 дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш

ВМРО-ДПМНЕ: Дали компанија од соларниот картел на Ковачевски со државна помош гради фабрика за панели кои потоа ќе ги продава на ФЕЦ Осломеј

5 дена ДКСК и Ковачевски бегаат од суштината на аферата Тајни имоти, постапки и разрешувања веднаш. 5 дена ДКСК се обидува да го преземе товарот на аферата Тајни имоти на себе, и да ги аболицира 123 функционери од власта. 5 дена наместо постапки се измслуваат изговори,се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека додека ДКСК се обидува да ги амнестира, дел од функционерите опфатени во аферата Тајни имоти како адвокатот Ивица Јевтиќ и Алберт Муслиу признаа дека не поднеле анкетен лист.

Ковачевски наместо да постапи како одговорен политичар и да почне да разрешува, тој ги штити функционерите. Дали тоа го прави затоа што можеби и тој крие имот пд аферата Броило? Ковачевски со секој поминат дека како ги штити функционерите кои криеле имот покажува дека е дел од нив.

Аферата Тајни имоти докажува дека институциите со СДС на чело не си ја работат работата, и дека воопшто нема одговорност кога станува збор за функционери на власта, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Пет милиони евра за слобода, Марковски излезе од притвор

FAME’S со февруарска концертна серија што ги спојува класиката и џезот

ССМ најави масовен протест на 28 јануари