Ѓукановиќ по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека Црна Гора и Полска се партнери не само на билатерално ниво, туку и дека одлично соработуваат преку форматот на регионална соработка.
Европската унија и НАТО мора да бидат поактивни на Западен Балкан, порача претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и оцени дека регионот е во полоша состојба отколку пред неколку години.
Како што информираат од претседателската информативна служба, тој го истакнал партнерството во НАТО.
Ѓукановиќ рече дека Црна Гора за пет години членство ја потврдила оправданоста за прием во НАТО и ја покажала својата способност да биде не само корисник, туку и придонесувач за регионалната и глобалната стабилност.
„Денес гледаме дека Западен Балкан е во полоша состојба отколку пред неколку години. Значи, веќе постои јасна вредносна девастација на општествата од Западен Балкан“, рече Ѓукановиќ.
„И второ, гледаме дека европските вредности денес се помалку ценети на Западен Балкан отколку во времето на екстремниот евроентузијазам што го имавме во регионот до пред неколку години“, додаде Ѓукановиќ.
Тој рече дека сега има околности кон кои мора да се има реален став.
„Мислам дека ова реалистичко гледање на причините неминовно нè води до потребата да ги поттикнеме, пред сè, ЕУ и НАТО да го покажат својот интерес за зачувување на Западен Балкан во сферата и во рамките на европските и евроатлантските вредности, недвосмислено“, рече Ѓукановиќ.
Нема сомнеж, додаде тој, дека Западен Балкан е европски регион.
„За жал, тоас е на опашката на европскиот развој, но тоа не значи дека треба да се откаже и да се остави на влијанието на антиевропските политики и антиевропските вредности, бидејќи тоа не е само пустош на Западен Балкан, тоа е пустош на Европа“, оцени Ѓукановиќ.
Според него, ова е закана за европската стабилност и безбедност.
„Затоа Европа мора да биде поактивна во нашиот регион, вклучително и НАТО, имајќи го предвид евро-американското партнерство во рамките на Северноатлантскиот договор“, рече Ѓукановиќ.