Утрински Весник
Свет

Мицотакис: Грција е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција

Мицотакис: Грција е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека неговата земја е подготвена да ѝ подаде рака на пријателство на Турција, но го обвини и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека поттикнува антигрчко расположение во Турција.

dobivaj vesti na viber

Мицотакис, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Атина, рече дека негова желба е Турција да го избере „патот на деескалација, легалност, мирен соживот без реторички испади, но со конструктивни акции“, пренесува АП.

Ердоган ја обвини Грција дека ги „окупирала“ островите во Егејското Море, чиј статус е регулиран со договори донесени по Првата светска војна.

Можете да прочитате

Политико: АфД ќе предложи радикални промени во институциите на ЕУ

Полскиот парламент поддржа поблаги закони за абортус

ЕК со 20,5 милиони евра ќе го поддржи медиумскиот плурализам во Европа