Утрински Весник
Економија

Бектеши: Двојно поевтина електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи

Бектеши: Двојно поевтина електрична енергија за компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи

Компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи и се регистрирани со шифри на дејност 10.41, 10.51, 10.61, 10.71 во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи како и производители на јајца ќе имаат фиксна цена на електрична енергија.

dobivaj vesti na viber

Оваа цена на струја која што ќе ја обезбеди Владата ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулиран пазар, кажа министерот за економија Крешник Бектеши по денешната средба со претставници од прехранбената индустрија.

Како што кажа министерот ова е една од мерките кои ги вети Владата за поддршка на прехранбената индустрија, а која ја реализира Министерството за економија.

Можете да прочитате

Клима уред или субвенција за струја – услови и потребни документи за аплицирање

Битиќи: Најмногу се поскапени земјоделските производи – директен удар врз стандардот на граѓаните

Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар