Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Макрон ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање: Живееме подолго, треба подолго да работиме

Макрон ќе ја зголеми старосната граница за пензионирање: Живееме подолго, треба подолго да работиме
Img 7972

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека ќе спроведе контроверзна пензиска реформа со која старосната граница за пензионирање ќе се зголеми за три години на 65 години, со што младите генерации ќе бидат принудени да работат подолго.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за телевизијата Франс 2, Макрон рече дека промените ќе стапат на сила следната година.

„Има само еден начин да го направиме тоа ако сме паметни. Бидејќи живееме подолго, треба да работиме подолго“, рече тој.

„Минималната возраст за целосно пензионирање постепено ќе се зголеми од сегашните 62 на 65 години до 2031 година“ рече тој.

Сепак, Макрон рече дека е отворен да разговара за возраста за пензионирање со синдикатите и потенцијалните промени. Сите француски работници добиваат државна пензија. Неуспехот да се воведат предложените измени ќе значи дека владата ќе мора да го намали износот на пензиите, рече Макрон.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори