Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Кина започна со употреба на вдишлива вакцина против коронавирус

Кина започна со употреба на вдишлива вакцина против коронавирус
Img 7972

Кинескиот град Шангај започна да ја користи првата инхалирана вакцина против Ковид-19.

dobivaj vesti na viber

Администрацијата на Шангај објави дека вакцината за вдишување се нуди бесплатно како дополнителна доза на претходно вакцинирани лица. Целта на развојот на овие вакцини е да се вакцинираат лицата кои имаат проблем со класичната вакцинација поради употребата на игли, како и да се зголеми бројот на вакцинирани лица во сиромашните земји поради полесна администрација.

Кинеските регулатори ја одобрија употребата на овие вакцини како засилувачка доза во септември.

Развиена е од кинеската биофармацевтска компанија Cansino Biologics Inc. Компанијата објави дека клиничките испитувања се спроведени во Кина, Унгарија, Пакистан, Малезија, Аргентина и Мексико.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), во моментов низ светот се тестираат десетина вакцини кои ќе се вдишуваат преку нос.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот