Утрински Весник
Свет

Риши Сунак разговараше со Бајден, најавена е средба

Риши Сунак разговараше со Бајден, најавена е средба

Британскиот премиер Риши Сунак разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Даунинг стрит најави дека двајцата државници ќе се сретнат на претстојниот самит на Г-20 во Индонезија.

„Двајцата лидери разговараа за степенот на соработката меѓу Обединетото Кралство и САД, и билатерално и во региони како што е Индопацификот, каде што пактот AUCUS (трилатерален договор меѓу САД, Велика Британија и Австралија) е дел од напорите да се спротивстави на злонамерното влијание на Кина, наведува портпаролот во изјавата, пренесе „Ројтерс“.

Сунак и Бајден се согласија и за потребата да се обезбеди безбедност на народот на Северна Ирска преку зачувување на Договорот од Белфаст, се додава во соопштението.

Можете да прочитате

Како и зошто метеоролозите им даваат човечки имиња на бурите?

Речиси 1.000 апсења низ цела Франција по судирите на демонстрантите со полицијата

Белгород погоден од украински беспилотни летала – еден убиен, 14 ранети