Утрински Весник
Македонија

Ковачевски на трибина во Битола: Мојата визија е економски силна и стaбилна држава

Ковачевски на трибина во Битола: Мојата визија е економски силна и стaбилна држава

Владејачката СДСМ од Битола ја започна серијата граѓански трибини, на кои заедно со граѓаните ќе разговараат за мерките и политиките на партијата.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски ги презентираше досегашните преземени мерки, идниите политики, како и концептот за визијата и иднината на земјата.

„Мојата визија е економски силна и стабилна држава, полноправна членка на ЕУ. Членство во ЕУ до 2030 година со заштитен македонски јазик и идентитет. На тоа сум посветен, на тоа работам. Да бидеме горди Македонци во ЕУ, да седиме на големата маса во Брисел рамноправни, силни и побогати од денеска. Се грижиме за граѓаните и за стандардот, но и гледаме напред, за нашите деца да можат горди и со крената глава да ја градат својата иднина дома, во земја членка на ЕУ. Затоа, заедно со вас „силно и одлучно кон иднината“, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на граѓанската трибина на СДСМ “Силно и одлучно кон иднината“ – изјави Ковачевски.

Притоа тој потенцираше дека е направен историски исчекор во евро- интеграцискиот процес – започнати се преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

„Не беше лесно да се носат одлуките, особено тешки, државнички одлуки. Но лидерите треба да водат напред, одлучно, кон иднината и да носат тешки одлуки. Затоа што важно е нацијата и земјата да чекорат по вистинскиот пат, да имаат сигурна иднина. Јас учествував во разговорите за кревање на бугарското вето. Тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани ниту за мене. Неколку пати кажав чувството кое што го имав, како некој со нож да ме сече во стомак. Но, на крајот мора да се донесе одлука и тоа беше исправна одлука, затоа што почнавме преговори со ЕУ со зачуван македонски идентитет и македонски јазик. Да треба пак да ја носам одлуката, пак ќе ја донесам истата одлука”, изјави Ковачевски.

На трибината „Силно и одлучно кон иднината”, Ковачевски потенцираше дека опозицијата е заглавена во криминалната матрица, без државнички капацитет на кои поважно им е пласирањето на фабрикувани невистини, за наводна асимилација, бугаризација и за загрозување на идентитетот, организирање насилни протести, со единствена цел за исполнување на нивните лични интереси.

Можете да прочитате

Од утре претежно облачно со врнежи од дожд и снег

Николовски: ВМРО-ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето, СДСМ остро против партизацијата

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија