Утрински Весник
Македонија

Четири автобуси и едно патничко возило вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

Четири автобуси и едно патничко возило вршеле меѓународен превоз на патници без соодветна документација

На 23, 24 и 25.10.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на пет моторни возила, кои вршеле меѓународен превоз на патници, биле констатирани прекршоци.

dobivaj vesti na viber

Притоа, контролирани биле четири автобуси и едно патничко возило, кои не ја поседувале законски пропишаната документација.

Имено, при контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со германска национална ознака, управувано од Т.К.(24) од општина Василево, два автобуса со битолски регистарски ознаки, управувани од С.З.(56) од Битола и од Т.К.(47) од Битола, два автобуса со скопски регистарски ознаки, управувани од З.М.(65) од Скопје и од А.Г.(40) од Скопје било констатирано дека вршат меѓународен превоз на патници без поседување соодветна документација.

Од страна на полициските службеници и Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица.

Можете да прочитате

Алиу: Странската комисија утврди сомнителни наоди кај девет случаи на кардиохируршки интервенции

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа преку ноќ

Убиство во Битола, маж со нож ја нападнал сопругата, починала на лице место