Утрински Весник
Магазин

(Видео) Нова драмска серија за животот на царицата Сиси од Австрија

(Видео) Нова драмска серија за животот на царицата Сиси од Австрија

За љубителите на ТВ-серии со кралска тематика кои со нетрпение го чекаат продолжението на „Круната“ (The Crown), стриминг-платформата „Нетфликс“ почна да емитува  серија за животот и смртта на австриската царица Елизабета, најубавата жена во 19 век.

dobivaj vesti na viber

The Empress („Царицата“) – една од најгледаните содржини на „Нетфликс“ – го следи животот на царицата Елизабета од Австрија, која владеела од нејзиниот брак со императорот Франц Јосиф Први од 24 април 1854 година до нејзиниот атентат во 1898 година.

Серијата го следи животот на царицата од нејзината свршувачка со императорот, а првата сезона завршува кога таа била бремена со прво дете.

Царицата, позната по прекарот Сиси, сакала да стане најубавата жена во Европа, а според многумина и била. Она што беше принцезата Дијана во 80-тите, царицата Сиси беше во 19 век. Европа ја обожавала, а жените се восхитуваа на нејзината коса, фустани и лице на портретите кои стигнале до јавноста.

Според повеќето историчари, царицата Сиси била навистина опседната со својот изглед. Нејзин заштитен знак бил долгата коса, која царските фризери ја средувале по три часа дневно.

Наводно, царицата не можела да толерира расцепена коса, па фризерите морале да сокријат колку коса изгубила за време на монтажата. Таа имала и долга рутина за нега на лицето, и, наводно, цел живот спиела без перница за да не добие брчки. Има и некои бизарни тврдења за навиките на царицата, како што е фактот дека таа ги вадела сите побелени влакна и секоја вечер се капела исклучиво во магарешко млеко. Сиси постојано вежбала за да ја одржува фигурата. Нејзината половина изнесувала 48 сантиметри.

Откако наполнила 32 години, царицата забранила да ја сликаат и фотографираат бидејќи сакала зад неа да останат само слики и фотографии кога била млада и убава.

Во првата сезона од серијата, царицата Сиси не е претставена како разгалена принцеза опседната со изгледот. Во серијата ја портретираат како жена на која ѝ досадуваат речиси сите женски теми, и најмногу ужива во јавање коњи, читање и пишување поезија.

И тој дел за царицата е точен. Елизабета од Австрија уживала во уметноста и книгите, а пишувала песни под псевдонимот Титанија.

Исто како во серијата, така и во реалниот живот Сиси се омажила за својот братучед, императорот Франц. Бракот го договориле нивните мајки, кои биле сестри, со цел да се зачува силата на тогашната хабсбуршка империја.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста