Утрински Весник
Свет

Иран и Украина формираат комисија: Ќе се истражуваат тврдењата за употреба на дронови

Иран и Украина формираат комисија: Ќе се истражуваат тврдењата за употреба на дронови

Иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, изјави дека е подготвен за разговори со Украина поради тврдењата дека Исламската Република и продавала беспилотни летала на Русија за употреба во војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Во последните недели, Киев и неговите западни сојузници изнесоа тврдења во врска со извозот на беспилотни летала од Иран во Русија за употреба во тековната војна во Украина, пишува iranintl.com.

Сепак, тој ги отфрли обвинувањата и рече дека Иран не и дал и нема да и даде на Русија никакво оружје и беспилотни летала за употреба во Украина.

„Во минатото земавме оружје од Русија, а исто така извезувавме оружје назад, но не за време на војната во Украина“, изјави тој.

Додаде дека Иран и Русија соработуваат на различни полиња.

Коментирајќи го неговиот неодамнешен телефонски разговор со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, тој рече:

„Нагласив дека Техеран е подготвен тим од воени експерти од Иран и Украина да ги проценат тврдењата за употреба на беспилотни летала од Иран во украинската војна“, кажа тој.

Можете да прочитате

Си Џинпинг побара од словачкиот премиер Фицо поддршка за подобрување на односите меѓу Кина и ЕУ

Руте: Мир ќе обезбедиме преку сила

Флорида планира укинување на сите задолжителни вакцини, вклучувајќи ги и училишните