Утрински Весник
Свет

Русите обвинуваат: Зеленски контактирал со Британија за создавање нуклеарно оружје

Зеленски: Путин знае дека нема да биде жив ако има руски нуклеарен напад

Русија објави, без да приложи докази, дека Украина била во контакт со Велика Британија во врска со можноста за развој на нуклеарно оружје. Во долга објава на Телеграм, руското Министерство за одбрана ги повтори коментарите на високи функционери од Кремљ дека Украина планира напад со „валкана бомба“.

dobivaj vesti na viber

Тие тврдат дека канцеларијата на претседателот Володимир Зеленски била во контакт со претставници на Обединетото Кралство за можноста за добивање технологија за создавање нуклеарно оружје.

„Украина има соодветна производствена база и научен потенцијал за тоа“, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.

„Значи, има компании од нуклеарната индустрија во Украина кои имаат залихи на радиоактивни супстанции кои можат да се искористат за создавање на „валкана бомба““, тврди тој.

 

Можете да прочитате

Падна француската влада – парламентот ѝ изгласа недоверба

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот