Утрински Весник
Свет

(Видео) Торнадо погоди делови од Франција, предизвика штети а има и повредени

(Видео) Торнадо погоди делови од Франција, предизвика штети а има и повредени

Помало торнадо вчера погоди дел од северна Франција, при што беа оштетени десетици куќи, јавува Sky News.

dobivaj vesti na viber

Едно лице се здобило со полесни повреди од торнадото, соопштија локалните власти во Па де Кале.

Снимката од помалото торнадо што беше објавено на социјалните мрежи покажува огромен црн облак кој се врти во форма на торнадо.

„Мини торнадо“ погоди делови од Франција додека земјата се подготвува за нови бури кои ќе следат по несезонското топло време.

Оштетени се околу 50 куќи во Ендекур ле Кањикур, а две семејства мораа да се преселат. Како последица на торнадото се урна земјоделски објект во општина Мори.

Снема струја и во општините Бихукур и Хендкур ле Кањикур. Торнадото ги фрли покривите на црква и уништи куќи, јавува францускиот информативен сервис BFM-TV.

Жак Билан, претставник за Па-де-Кале, го посети градот Бапаум заедно со пожарникарите и полицијата.

„Ситуацијата е под контрола, полицијата ќе обезбеди присуство во текот на целата ноќ во погодените општини“, соопштија синоќа локалните власти.

„Истокот и северот на Франција претрпеа силни бури. Неколку општини во Па де Кале беа погодени од торнадо, предизвикувајќи значителна штета. Да покажеме солидарност со жителите на погодените општини“, напиша на Твитер францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин.

Локалните власти во Па де Кале ги советуваа луѓето да останат дома и да не вршат работи и поправки на покривите. Луѓето исто така се предупредуваат да не ги допираат паднатите далноводи.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk