Утрински Весник
Свет

Русите масовно бегаат од Херсон: „Од витална важност е да се спасат животи“

Русите масовно бегаат од Херсон: „Од витална важност е да се спасат животи“

Русија денес им повтори на луѓето во окупираниот град Херсон да бегаат и на тој начин да си ги спасат животите од очекуваната украинска контраофанзива.

dobivaj vesti na viber

Рускиот министер за образование Сергеј Кравцов во видео обраќање рече дека „ситуацијата е тешка и од витално значење е да се спасат животи“.

Руските посредници во јужниот регион се обидуваат да евакуираат до 60.000 луѓе кои живеат на западниот брег на реката Днепар. Сепаратистите денеска во еден момент пријавија недостиг на чамци за транспорт преку реката поради „порастот на бројот на луѓе кои сакаат да го напуштат градот“.

Регионот Херсон се наоѓа северно од полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година. Тоа е клучна порта за руските воени резерви. Околу 25.000 луѓе се евакуирани од регионот до вторник, го цитира агенцијата Интерфакс заменик-шефот на регионот, Кирил Стремусов.

Можете да прочитате

Пентагон го запре распоредувањето на 4.000 американски војници во Европа

Рубио изјави дека САД сакаат Кина да помогне во решавањето на кризата во Ормуз

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина