Руски борбен авион денеска удри во двокатна куќа во сибирскиот град Иркутск, соопшти регионалниот гувернер Игор Кобчев. На Телеграм тој објави видео на кое се гледа пожарот.
Во авионската несреќа загинаа и двајцата пилоти, рече Кобчев и додаде дека нема други жртви.
In Irkutsk, Russia, a military plane crashed into a private two-story building, causing a fire, Russian media reported, citing the local governor. pic.twitter.com/ZRK9SS72d5
— Hromadske Int. (@Hromadske) October 23, 2022
Според информациите на руското Министерство за вонредни ситуации, се работи за авион Су-30 кој бил на тренинг лет.
❗️In the #Russian city of #Irkutsk, a military plane crashed on a residential building
According to the Russian Emergencies Ministry, it was a Su-30 that crashed during a test flight.
The area of the fire reached 200 square meters.
Both pilots died in the crash. pic.twitter.com/Jgra5ajckV
— NEXTA (@nexta_tv) October 23, 2022
Ова е втор ваков инцидент во последните шест дена. Минатиот понеделник најмалку 14 цивили загинаа кога руски борбен авион удри во станбена зграда во рускиот град Јејск, недалеку од границата со Украина.