Утрински Весник
Македонија

Зеленски го одликува Талат Џафери со Орден „Јарослав Мудриот“

Зеленски го одликува Талат Џафери со Орден „Јарослав Мудриот“

Претседателот на Украина, Володомир Зеленски награди неколку лица со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“, а меѓу нив е и претседателот на македонското собрание, Талат Џафери.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, како и значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот.

Указот е објавен на официјалната веб страна на украинското претседателство, каде што може да се види целиот список со лицата на кои Зеленски им додели орден.

Џафери во април годинава ја посети Украина, пришто порача дека неговото присуство е симбол на лична, институционална и поддршка од граѓаните на Република Северна Македонија кон народот на Украина и украинските институции.

Можете да прочитате

Пожар кај Илинден: Огнот во близина на цистерни и бензинска пумпа, пожарникарите на терен

Несекојдневен протест во Охрид: Со СУП даски направија блокада во езерото

Уапсен маж од Крушево, дома му нашле дрога и оружје