Утрински Весник
Спорт

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 1:0 против Саудиска Арабија на пријателскиот натпревар што се одигра во Абу Даби. Стрелец на голот беше Салех Халид Алшехри во 85.минута од натпреварот.

Мечот беше од затворен тип и на двата селектори им послужи да ја проверат формата на репрезентативците, за Саудијците пред СП во Катар, а за Милевски проверка на „домашните“ сили.

Македонија се закани прва преку Хасани и Дориев, но без ефект, а потоа Абдулрахман шутираше над голот на Наумовски. Во 17.минута, македонскиот голман одлично интервенираше по ударот со глава на Наваф Алабед.

Во вториот дел, обид имаше Методи Максимов во 50.минута, но одбраната на Саудиска Арабија блокираше, а во продолжение не успеа и Влатко Стојановски.

Во 67.минута, Дориев беше во можност, но голманот на Саудиска Арабија добро интервенираше.

Во завршницата и напиот голман Игор Алексовски имаше две добри интервенции, откако влезе во игра на местото на Наумовски. Сепак, не можеше да го спречи водството на Саудиска Арабија во 85.минута.

Во моментите кога Бејтулаи чекаше да влезе во игра по укажаната лекарска помош и беше надвор од терен, фудбалерите на Саудиска Арабија нафрлија во шеснаесетникот на Алексовски кој не успеа да интервенира пред ударот со глава на Салех Халид Алшехри.

На крајот, срамна одлука на судиите. Во иста акција не досудија два пенали за Македонија. Стојановски во првиот обид непрописно беше блокиран од домашен фудбалер, а потоа со рака од гол линија (очигледно за сите) еден од домашните ја врати топката во поле по удар на Трапановски.

Селекторот Благоја Милевски го стартуваше мечот со следниот тим: Наумовски, Тошевски, Брдаровски, Бејтулаи, Велковски, Адем, Димовски, Хасани, Дориев, Максимов, Ибраими. Во вториот дел добија шанса и останатите фудбалери.

Можете да прочитате

Силекс во Скопје го победи Шкупи, Работнички ја прекина низата без победа

Верстапен со Ред Бул ја освои својата четврта последователна светска титула во Формула 1

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем