Утрински Весник
Свет

Фон Дер Лајен: ЕУ следната година ќе и помага на Украина со една ипол милијарда евра месечно

Фон Дер Лајен: ЕУ следната година ќе и помага на Украина со една ипол милијарда евра месечно

Следната година Европската унија ќе и помага на Украина со една ипол милијарда евра месечно, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

dobivaj vesti na viber

„Тоа се вкупно околу 18 милијарди евра стабилен и сигурен приход“ – изјави фон дер Лајен по завршувањето на Самитот на лидерите на ЕУ.

На вториот ден од самитот на шефови на држави или влади на ЕУ, главна тема беше помошта за Украина и дискусијата за односите со Кина.

На Украина следната година ќе и требаат меѓу три и четири милијарди евра месечно, кои ќе бидат финансирани од ЕУ, САД и финансиските институции, додаде претседателот на Комисијата.

Претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел изјави дека ЕУ треба да ја разгледа можноста за користење замрзнати руски средства за обнова на Украина.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација