Утрински Весник
Економија

Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми 11,3 отсто и достигна 31.871 денар

Влада: Просечната нето-плата во август се зголеми 11,3 отсто и достигна 31.871 денар

Мерките на Владата даваат позитивни резултати за зголемување на просечната месечна-нето плата. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2022 година, изнесува 31.871 денари, што е за 3.229 денари повеќе од истиот месец минатата година.

dobivaj vesti na viber

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека зголемувањето на просечната месечна нето-плата за 11,3 % во август годинава, се должи пред сѐ на растот на платите во секторите: Преработувачка индустрија (16,2 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16,1 %) и Уметност, забава и рекреација (15,6 %).

Континуираното зголемување на просечната нето-плата е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата за раст на просечната и на минималната плата која изнесува 18.000 денари.

И во следниот период, Владата продолжува со креирање на мерки и на амбиент за повисоки стапки на економски раст и раст на приходите на сите граѓани, со цел да се унапреди животниот стандард на граѓаните особено во услови на криза.

Можете да прочитате

Дурмиши: Работиме на долгорочно решение за структурно и планско намалување на инфлацијата

Со нетранспарентен закон се загрозуваат 10.000 работни места – АСОМ со реакција за политичка манипулација со игрите на среќа

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари