Утрински Весник
Свет

Медведев го покани Илон Маск во Москва на Денот на победата

Медведев: Русија масовно ќе произведува беспилотни летала

Основачот на SpaceX и најбогатиот човек на светот, Илон Маск, кој најпрвин им помогна на Украинците со активирање на системот Starlink, кој им дава пристап до интернет, а потоа го предизвика нивниот гнев со „предлогот за мир“, во кој предложи дека Крим треба да ѝ се даде на Русија, сега се впушти во бизарен разговор на „Твитер“ со Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и близок сојузник на Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Вчера, Медведев на „Твитер“ објави: „Збогум, Лиз Трас, честитки за зелената салата“ алудирајќи на вчерашната оставка на британската премиерка Лиз Трас, чие владеење во Британија се споредуваше со времетраење на главица зелена салата.

На тоа Маск одговорил: „ Доволно добро тролање, да бидам искрен“. Потоа го праша Медведев „како оди во Бахмут?“, еден од ретките украински градови во чија околина напредуваат руските сили.

Медведев му одговори: „Се гледаме во Москва на Денот на победата“.

Можете да прочитате

Холандскиот Апелациски суд одби да ги олабави правилата за асистирано самоубиство

Средбата на Виткоф со Путин во Москва трае веќе три часа

Папата Лав ги повика САД да не се обидуваат со воена сила да го соборат Мадуро