Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот министер за одбрана посетија воен камп во западниот регион Рјазан.
Целта на посетата, како што пренесуваат руските медиуми, била претседателот да се увери дека трупите мобилизирани по негова наредба се подготвуваат за битките во Украина.
На Путин и Шојгу во тој воен камп за обука им беше покажана стандардната воена опрема со која располага руската армија, како униформи, заштитни шлемови, заштитни елеци, како и војнички чизми наменети за војниците за зимата.
Putin shoots a sniper rifle pic.twitter.com/B73QpUyzNo
— Citizen Free Press (@CitizenFreePres) October 20, 2022
„ Главната работа е што тие се таму“, коментира Путин, веројатно поради наводите на бројни западни медиуми дека на руската армија и недостасува опрема, особено онаа што би ги стоплила војниците во зима.
За време на посетата на воениот камп, Путин дури зема пушка и испука неколку истрели. Истото го направи и Шојгу, а според информациите пукале од снајперска пушка „Драгунов“ (СВД).