Утрински Весник
Магазин

Финалистка на изборот за Мис Англија без шминка им пркоси на нереалните стандарди за убавина

Финалистка на изборот за Мис Англија без шминка им пркоси на нереалните стандарди за убавина

Мелиса Рауф стана првата личност во 94-годишната историја на изборот за убавина во Англија која се натпреварувала без шминка, и иако не победи, нејзината убавина ја пренесоа многу светски медиуми, меѓу кои и „Вашингтон пост“.

dobivaj vesti na viber

Мелиса решила да се натпреварува без шминка за да им пркоси на стандардите за убавина, пренесуваат медиумите.

„Со години се чувствував несигурно и бев срамежлива, за што најмногу придонесоа социјалните мрежи. Бев бомбардирана со едитирани и фотошопирани фотографии“, изјави таа за Би-би-си.

Мелиса се квалификуваше за финалето на изборот за Мис Англија во јуни, откако ги импресионираше судиите во Лондон во текот на полуфиналето.

„Ова многу ми значи затоа што чувствувам дека многу девојки од различна возраст се шминкаат затоа што се под притисок да го направат тоа“, рече таа тогаш.

„Никогаш не почувствував потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава во својата кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка“, објасни Мелиса, додавајќи дека не е против шминкање и дека понекогаш и таа се шминка.

Во финалето на изборот на Мис Англија за најубава беше прогласена Џесика Гаген (26), студент по воздухопловно инженерство, која минатата година беше прва придружничка.

„Во средно училиште ме исмејуваа поради тоа што сум црвенокоса. Не го спомнав тоа на минатогодишниот натпревар бидејќи сметам сите негативни работи треба да останат во минатото. Но, факт е дека никогаш немало црвенокоса Мис Англија,“ изјави Џесика за британските медиуми.

Taa ги победи останатите 30 учеснички на натпреварот за убавина што се одржа во Бирмингем.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста