Утрински Весник
Економија

Битиќи: Кромберг и Шуберт започнуваат нова инвестиција од скоро 26 милиони евра во Битола

Битиќи: Кромберг и Шуберт започнуваат нова инвестиција од скоро 26 милиони евра во Битола

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска ја посети фабриката „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона „Жабени“ во Битола.

dobivaj vesti na viber

Целта на посетата беше, потпишување на нов договор за државна помош за нов инвестициски циклус на „Кромберг и Шуберт“ од 25.760.000 евра.

Во продолжение е изјавата за медиуми на вицепремиерот Битиќи:

„Ви благодарам на гостопримството денеска, за можноста да ја посетиме вашата фабрика.

Но, ред е да кажеме и зошто сме дојдени денеска, а тоа е за да го потпишеме новиот договор за државна помош со „Кромберг и Шуберт“.

Ова е веќе трет договор кој го потпишуваме во „Кромберг и Шуберт“, што значи дека производствените капацитети, инвестициите и бројот на вработени на оваа компанија во нашата земја расте.

Денешната дата всушност се поклопува и со датата на отворањето на оваа фабрика тука во индустриската зона „Жабени“, за денеска да брои над 5.300 вработени.

Новата инвестиција, за која денеска го потпишавме Договорот за финансиска поддршка е во вредност од 25 милиони и 760 илјади евра и ќе креира нови 1.230 вработувања во следните три години и предвидува проширување на постојните и отворање на нови производни линии со кои ќе се произведуваат делови за Ауди 4 новиот модел и Ауди 6 нова верзија „face lift“.

За мене е исклучително важна вредноста која „Кромберг и Шуберт“ ја носи во развојот на овој регион. Во последните години правиме значителни законски измени со цел развој на сите региони во земјата, една од нив е и измената која ја направивме во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, компаниите кои вложуваат во помалку развиените региони добиваат процентуално поголема финансиска поддршка.

А поддршката за компаниите расте, а особено е значајно што и во време на криза тие продолжуваат да растат и да инвестираат.

Можете да прочитате

Светска Банка: Македонија годинава со најнизок раст во регионот, од само 1,8%

Ова се потценети професии, а во Скопје носат заработка од над 1.000 евра месечно

Соработка на Народната банка со Банката на Португалија во Програмата на ЕУ за зајакнување на системите за известување податоци