Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин не планира да ја прекине мобилизацијата додека не се достигне бројката од 300.000 регрути за војната во Украина.
Иако некои региони го завршија процесот на мобилизација, вклучително и главниот град Москва каде што се затворени канцелариите за мобилизација, во некои региони процесот сè уште не е завршен.
„Во моментов нема претседателска одлука за прекин на мобилизацијата“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи: „Процесот на мобилизација завршува, во некои региони веќе е завршен“.
Да потсетиме, Путин на 21 септември најави „делумна мобилизација“ чија цел е да регрутира 300.000 резервисти за војната во Украина. Минатата недела тој најави дека мобилизацијата треба да заврши „во следните две недели“,пренесе Индекс.хр.