Кремљ соопшти дека нема сознанија за тоа дека руската војска користи ирански беспилотни летала во Украина.
Од таму додаваат дека немаат сознанија дека нивните сили користат беспилотни летала „Шахед“ во интензивните напади врз Украина, кои траат по ударот на мостот на Крим. Кремљ со тоа ги демантира извештаите на Киев и западните медиуми, кои со денови пишуваат дека Киев, како и многу други градови во Украина, буквално се покриени со ирански беспилотни летала.
Социјалните мрежи, но и медиумите, се преплавени со видеа, кои тврдат дека тоа го докажуваат.
#UPDATE President Volodymyr Zelensky said Tuesday Russian forces had “destroyed” a third of Ukraine’s power stations in repeated strikes that targeted energy infrastructure
???? Ukrainian police stand guard in a street after a drone attack in Kyiv pic.twitter.com/qLxl3wCMO0
— AFP News Agency (@AFP) October 18, 2022
Исто така, Иран сега е цел на нови санкции токму поради испораката на голема количина од овие беспилотни летала во Русија.
Претходно, САД соопштија дека се согласуваат со нивните француски и британски сојузници дека снабдувањето со беспилотни летала од Иран ја прекршува резолуцијата на Советот за безбедност на ОН поврзана со нуклеарниот договор, со што се забранува трансфер на одредена воена технологија.