Утрински Весник
Магазин

„Ролинг стоунс“ издава албум со нова музика првпат по 18 години

„Ролинг стоунс“ издава албум со нова музика првпат по 18 години

„Ролинг стоунс“ набргу планира да издаде албум со нова музика, првпат по 18 години, пишуваат британските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ова ќе биде прв студиски албум по смртта на тапанарот на легендарниот бенд, Чарли Вотс, минатата година.

Неименуван извор за весникот „Сан“ откри дека по трауматична година, членовите на бендот се радуваат на иднината.

Мик Џегер (79), Кит Ричардс (78) и Рони Вуд (75) наводно изминативе недели се собирале во студиото во Њујорк, каде што им се придружиле тапанарот Стив Џордан и басистот Дерил Џонс.

По смртта на Чарли, постоеше неизвесност што ќе прават понатаму. Имаа закажани концерти, но не беше јасно што потоа. Меѓутоа, сега имаа време да размислат за сè и да почувствуваат дека вистинската работа е да го продолжат она што отсекогаш го правеле како бенд, да направат нова музика и да настапуваат пред своите фанови, пишува весникот.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста