Утрински Весник
Свет

Мечка во САД нападнала момче во двор

Мечка во САД нападнала момче во двор

Десет годишно момче во Конектикат завршило во болница откако во неделата било нападнато од црна мечка во дворот на неговиот дедо.

dobivaj vesti na viber

Властите по нападот извршија евтаназија на мечката. Инцидентот се случил околу 11 часот во Морис, град со околу 2.200 жители, пишува NBC News.

Дедото и соседот на момчето се обиделе да ја избркаат мечката удирајќи ја со цевки. 10-годишното момче било хоспитализирано, но не се здобило со повреди опасни по живот.

Популацијата на црните мечки во Конектикат речиси исчезна до средината на 19 век, но подоцна почна повторно да расет. До 1980-тите имаше приближно константен број, но подоцна бројот на овие животни повторно почна да расте. Се проценува дека сега во државата има меѓу 1000 и 1200 црни мечки.

Можете да прочитате

Украина, Блискиот Исток, Западeн Балкан и одбраната меѓу темите на јунскиот Самит на ЕУ 

Мелони: Новите трошоци за НАТО се прифатливи Италија

Нисан затвора седум фабрики, 20.000 луѓе остануваат без работа