Утрински Весник
Македонија

Кисела Вода го одбележа Денот на Шопен

Кисела Вода го одбележа Денот на Шопен

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и полскиот амбасадор Војциех Тицињски денес положија свежо цвеќе пред бистата на Фредерик Шопен.

dobivaj vesti na viber

Чествувањето на овој светски музички великан во истоимениот парк во Кисела Вода е денес, на денот кога се одбележуваат 173 години од неговата смрт.

„Афирмацијата и заштитата на светското културно наследство е обврска што стои пред секој од нас, а најдобар начин да се искаже почит кон великаните, како што е Фредерик Шопен, е неговото дело да се зачува од заборав. Почитта што денес ја укажуваме е симболична благодарност за неговиот придонес и ветување кон него, но и кон Република Полска, дека ќе ја продолжиме неговата безвременска приказна“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски во разговорот со полскиот амбасадор Војциех Тицињски.

Културата не беше единствената тема за која се разговараше на средбата. Се дискутираше за можностите за соработка во повеќе сфери од дејствувањето на локалната самоуправа за што и двете страни изразија подготвеност за реализација на заеднички проекти.

Можете да прочитате

Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново

Oдземени две товарни возила со криумчарена стока на македонско- косовската граница

Предложен притвор за британски државјанин, фрлал камења кон инспектори во Куклица