Утрински Весник
Свет

Кина до нејзините граѓани: „Напуштете ја Украина“

Кина до нејзините граѓани: „Напуштете ја Украина“

Кинеското Министерство за надворешни работи и кинеската амбасада во Украина им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Украина, наведувајќи ја како причина „тешката безбедносна ситуација“.

dobivaj vesti na viber

Кинеската амбасада најави дека ќе помогне во евакуацијата и трансферот на оние кои треба да заминат.

Амбасадата на Казахстан во Украина, исто така, ги повика своите граѓани да заминат и ги предупреди да не патуваат во Украина „во светло на засилените напади врз цивилната инфраструктура и владините објекти“, се вели во соопштение објавено минатата недела.

„За оние кои се уште се во земјата, не ги игнорирајте сирените за воздушни напади, останете заштитени и во засолништа“, додаваат од амбасадата.

Можете да прочитате

Шеф на американскиот антитерористички центар поднесе оставка: Не ја поддржува војната со Иран

Убиен Али Лариџани, еден од најмоќните луѓе во Иран

Новата апликација на ЕУ треба да го намали застојот на аеродромите