Утрински Весник
Свет

Бројот на загинати во експлозијата во рудник во Турција се искачи на 41

Бројот на загинати во експлозијата во рудник во Турција се искачи на 41

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека 41 рудар загина во експлозијата во рудник во Бартин.

dobivaj vesti na viber

„Во експлозија во рудник за јаглен во провинцијата Бартин, на северот на Турција, животот го загубија 41 лице, а 11 од нив се повредени“ – јавува „Би-би-си“.

Турскиот претседател ја откажа планираната посета на југоисточниот град Дијарбакир и најави дека доаѓа во Амасра за да ја води спасувачката мисија.

Турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез изјави дека прелиминарната истрага покажува дека причина за експлозијата е руднички – запаллив гас пронајден во рудниците за јаглен.

Експлозијата се случи на 300 метри од влезот во рудникот вчера околу 15.15 часот, соопшти кабинетот на гувернерот на Бартин.

Во моментот на експлозијата во рудникот имало околу 110 луѓе, од кои речиси половината на длабочина од 300 или 350 метри под земја.

Можете да прочитате

Гроси предупредува: Оштетени се клучни трафостаници, Чернобил остана без надворешно напојување

Трамп на социјалните мрежи ги обои Канада и Гренланд во американски бои

Фон дер Лајен: Време е да изградиме нова, независна Европа