Утрински Весник
Економија

Српскиот динар се додава на курсната листа на Народната Банка, одлучи советот на НБРМ

Српскиот динар се додава на курсната листа на Народната Банка, одлучи советот на НБРМ

Советот на Народната банка на седницата одржана на 13 октомври 2022 година, донесе Одлука за начинот на формирање и објавување на средните курсеви на Народната банка, во која најзначајно е вклучувањето на српскиот динар на курсната листа на Народната банка.

dobivaj vesti na viber

Одлуката ќе почне да се применува од Курсната листа формирана на 1 ноември 2022 година.

Со вклучувањето на српскиот динар во листата на валути кои може да се купуваат и продаваат на девизниот пазар се отвораат можности за поедноставување на економската соработка и се дава поттик на економските субјекти во интензивирање на трговските и финансиските текови меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија е еден од позначајните трговски партнери на нашата држава. Истовремено, може да се очекуваат и поволни ефекти и во поддршка на услужните дејности, со оглед дека е значен бројот на туристи од оваа наша соседна држава.

Одлуката за вклучување на српската валута во рамки на Курсната листа доаѓа во период на продлабочување на билатералната соработка на централните банки на двете земји и претставува координирана реакција на одлуката на Народната банка на Србија за ставање на македонскиот денар на својата курсна листа.

Можете да прочитате

СДСМ: Уште еден доказ „мигранти за пари”

Николоски: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево 

Премиерот Мицкоски со владина делегација во Давос, фокус на економскиот раст, енергетиката и стратешките инвестиции