Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Гардијан“: Западот има план во случај на нуклеарен напад

„Гардијан“: Западот има план во случај на нуклеарен напад
300x250 opst2

Анонимен висок функционер на земја членка на НАТО открива за „Гардијан“ дека западните земји сепак подготвуваат „добро осмислен план“ за да спречат паника на нивните територии во случај Русија да употреби нуклеарно оружје во Украина.

dobivaj vesti na viber

Изворот тврди дека се подготвува за широк спектар на сценарија со цел да се смири делот од населението кој стравува од ескалација на нуклеарни конфликти.

Иако нуклеарната криза не се смета за веројатно сценарио, западните земји подготвуваат „добро осмислени планови“ да спречат паника на нивните територии доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина, пишува „Гардијан“.

„Коментарите на Путин за употребата на нуклеарно оружје се многу неодговорни. Ниту една друга земја не зборува за употреба на нуклеарно оружје во и околу Украина, па затоа не го сметаме ова за нуклеарна криза“, вели функционерот и додава:

„Путин мора да знае дека употребата на нуклеарно оружје ќе го скрши табуто кое остана од 1945 година и дека тоа ќе доведе до тешки последици за Русија, но и за сите останати“.

Претходно оваа недела, Џереми Флеминг, шеф на британската шпионска служба GCHQ, рече дека не гледа знаци дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во Украина.

И експертите го делат ова мислење и сметаат дека Путин блефира со закани за нуклеарно оружје и дека планира да предизвика страв и несигурност кај Западот, за да го спречи пактот НАТО да се вклучи во војната на украинска страна.

Можете да прочитате

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток

Дронови го затворија аеродромот во Минхен, откажани 17 летови

Трамп испрати авиони во венецуелскиот воздушен простор за борба против нарко-картелите