Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Костовски: Договорот со Фронтекс на македонски јазик благодарение на заклучоците усвоени во Собрание

Костовски: Договорот со Фронтекс на македонски јазик благодарение на заклучоците усвоени во Собрание
300x250 opst2

Советот на ЕУ донесе одлука Северна Македонија да го потпише Договорот за гранично управување попознат како Фронтекс, соопшти на прес-конференција пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.

dobivaj vesti na viber

Договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на официјален македонски јазик и тоа е прв документ со ЕУ кој ќе се потпише на македонски јазик со чиста формулација, рече Костовски.

„За првпат македонскиот јазик во ЕУ ќе биде без фусноти, без дополнителни додавки и забелешки. Сето ова е благодарение на заклучоците усвоени овде во Собранието од страна на пратениците од мнозинството предводено од СДСМ. Одлука во која не учествуваа ВМРО и Левица. Како пратеничка група горди сме што дадовме придонес во евроинтегративниот процес и што ги усвоивме заклучоците. Одлуката на Советот на ЕУ е потврда дека тие заклучоци се почитуваат и се гарант за македонскиот јазик и идентитет“, изјави Костовски.

Како што додаде, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по налог на Христијан Мицкоски тогаш побегнале, а со денови во Собранието лажеле и клеветеле, се заканувале и на крајот не гласале по однос на заклучоците. Со тоа, како што изјави Костовски, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш се стави против државните интереси, против македонскиот јазик во ЕУ.

„Денес се потврдува дека потонаа лагите на Мицкоски, на ВМРО-ДПМНЕ и Левица дека македонскиот јазик ќе се бришел, дека немало да се именува како македонски, дека идентитетот ќе бил загрозен. Нема никаква асимилација ниту бугаризација со која ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја плашеа јавноста. Но затоа има признат, заштитен македонски јазик, има напредок во евроинтеграциите преку започнување на процесот на преговори за членство во ЕУ“, додаде Костовски.

Можете да прочитате

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски

37 обвинети, 33 адвокати и 250 оштетени судењето за „Пулс“ ќе биде правен маратон

Забрчанец: Дали Мицкоски се правда или бара мандат кој ќе трае со децении?