Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

„Амнести интернешенел“: Најмалку 23 деца загинаа во протестите во Иран во септември

Младата Иранка не починала како последица на удари по главата, покажува извештајот од обдукцијата
300x250 opst2

Најмалку 23 деца биле убиени минатиот месец за време на протестите во Иран, се наведува во новиот извештај на невладината организација за човекови права „Амнести интернешенел“.

dobivaj vesti na viber

Во извештајот на 19 страници објавен во четвртокот се наведува дека безбедносните сили убиле најмалку 23 деца, некои на возраст од 11 години, само во последните 10 дена од септември, јавува Си-Ен-Ен.

Националните протести против режимот што владее со Иран со децении, ја зафатија земјата по смртта на 22-годишната Махса Амини минатиот месец, откако беше приведена од полицијата за морал во земјата поради неправилно носење хиџаб, пишува медиумот.

Нејзината смрт, според написите предизвика жестоки судири меѓу демонстрантите и властите, во кои имаше и загинати.

Во соопштението, „Амнести“ вели дека „бруталното задушување на иранските власти врз она што многумина во Иран го гледаат како тековно народен бунт против системот на Исламската Република вклучуваше напад врз децата демонстранти кои храбро излегоа на улиците во потрага по иднина без политичко угнетување и нееднаквост“.

„Меѓу децата жртви има 20 момчиња на возраст од 11 до 17 години и три девојчиња, од кои две на 16, а едно на 17 години“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Еден загинат девет повредени во руски напад врз Запорожје

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас