Утрински Весник
Свет

Најмалку девет деца загинаа при превртување на брод во Камбоџа

Најмалку девет деца загинаа при превртување на брод во Камбоџа

Најмалку девет деца се удавија на југот на Камбоџа кога се преврте чамецот што го користеа за да ја преминат реката Меконг.

dobivaj vesti na viber

Спасени се четири лица, а по две деца се уште се трага, соопшти локалната полиција.

Полицијата извести и дека на бродот имало повеќе луѓе од дозволениот број и дека тој немал елеци за спасување.

Децата, на возраст меѓу 12 и 14 години, живееле на речен остров и го користеле траектот речиси секој ден за време на сезоната на дождови.

Во сушната сезона во таа река има малку или воопшто нема вода, и по неа може да се гази,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Приведен е поранешниот гувернер на Унгарската централна банка

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион

Мистерија во Северна Кореја: По гласините за смртта на Ким Џонг Ун, државните веб-страници недостапни