Утрински Весник
Свет

Меркел: Не жалам за одлуката за увоз на гас од Русија

Меркел: Не жалам за одлуката за увоз на гас од Русија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја брани претходната одлука за поврзаноста на Германија со рускиот гас и вели дека не се кае.

dobivaj vesti na viber

„Од перспектива на времето, беше многу рационално, разбирливо, да се увезе гас од Русија, кој беше поевтин од течниот нафтен гас од другите делови на светот – САД, Саудиска Арабија, Катар“, рече Меркел на состанокот на Фондацијата Калусте Гулбенкијан во Лисабон.

Германските медиуми јавуваат дека Меркел рекла дека при трансформацијата било јасно дека на Германија и треба гас, за еден ден целосно да се сврти кон други извори на енергија кои не и штетат на климата,пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците