Утрински Весник
Свет

НАТО: Руски нуклеарен удар од темел би ја променил природата на војната

НАТО: Руски нуклеарен удар од темел би ја променил природата на војната
Dik 300x250 mk

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска во Брисел изјави дека руската употреба на нуклеарно оружје во Украина ќе има сериозни последици, но не сакаше да прецизира каков ќе биде одговорот на НАТО.

dobivaj vesti na viber

„Доколку Русија употреби какво било нуклеарно оружје во Украина, тоа би имало сериозни последици“, рече Столтенберг на прес-конференција по состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО.

На прашањето како НАТО ќе одговори во овој случај, Столтенберг рече дека не сака да зборува за тоа.

„Нема да навлегуваме во тоа како што одговоривме, но тоа суштински ќе ја промени природата на конфликтот, дури и употреба на помал нуклеарен проектил“, рече тој.

Можете да прочитате

Филипини се подготвува за нов супертајфун

Ужас во Дубаи: Масакриран руски милионер, телото фрлено покрај контејнер

„Не заслужуваме плата“ – Сенаторот Џон Кенеди јавно го поддржа Трамп