Утрински Весник
Свет

Кремљ: Америка е де факто вклучена во војната

Кремљ: Америка е де факто вклучена во војната

Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека Америка „де факто“ е вклучена во конфликтот во Украина.

dobivaj vesti na viber

Песков го изјави ова еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден објави дека САД ќе продолжат да испраќаат оружје и воена опрема во Украина.

За време на редовниот брифинг со новинарите, Песков рече дека „американското учество во војната може да се види со голо око“.

„САД веќе де факто се вклучени во овој конфликт“, рече Песков.

„Ги слушаме изјавите на сегашната американска администрација за нивните планови да продолжат да испраќаат оружје и да го продолжат конфликтот, а со тоа да го направат што е можно поболен за украинската страна“, рече Песков, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами