Утрински Весник
Свет

Песков: Путин и Ердоган ќе се сретнат во четврток во Астана

Песков: Путин и Ердоган ќе се сретнат во четврток во Астана

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток во Астана ќе се сретне со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган за да разговара за ситуацијата во Украина и билатералните односи, соопшти денеска Кремљ.

dobivaj vesti na viber

Состанокот ќе се одржи во главниот град на Казахстан, на маргините на регионалниот самит во Астана, додаде портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ претходно им изјави на новинарите дека е „можно“ двајцата лидери да разговараат за турскиот предлог за одржување разговори меѓу Русија и Западот на тема мир во Украина.

Можете да прочитате

ОН предупредуваат на поголемо глобално затоплување дури и во најдоброто сценарио

Папата Лав првпат се појави во јавност по операцијата на рак

Трамп: Марин Ле Пен е конзервативниот глас на Франција, насилството е поврзано со имиграцијата