Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Сирија

Приведен криумчар на мигранти, превезувал лица од Сирија

Маж од демирхисарското село Сопотница бил фатен како превезува мигранти синоќа на место викано „Страиште“, во близина на Валандово.

dobivaj vesti na viber

При преглед во товарно возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Л. (23), во специјално направен бункер во возилото, биле пронајдени 44 лица мигранти од Сирија, од кои 14 малолетници.

Мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар, а лицето било приведено и задржано во Полициската станица Гевгелија. Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Левица: ЕК го разобличи Мицкоски кој никако не го демонтираше коруптивниот систем, туку удобно се смести во него

Мицкоски најавува намалување на акцизи a со месеци одбива да преземе мерки, велат од СДСМ

Уапсен тетовец кој возел без возачка и направил сообраќајка