Утрински Весник
Магазин

Ед Ширан одржа бесплатен концерт во родниот град

Ед Ширан одржа бесплатен концерт во родниот град

Ед Ширан ги воодушеви своите фанови во родниот град Ипсвич.

dobivaj vesti na viber

Британскиот музичар се искачил по скалите на Градското собрание и почнал импровизиран концерт.  Тој претходно купил гитара во локална продавница, ја свирел и му ја подарил на десетгодишно момче, пренесува „Дејли мејл“.

Големата британска ѕвезда свирката ја најави на својот инстаграм-профил, каде што напиша: „Ќе одам на главната улица на Ипсвич, веднаш до градското собрание и ќе одржам бесплатен концерт за сите во Ипсвич“.

Да потсетиме, Ширан минатата недела настапи бесплатно на „Октоберфест“ во Франкфурт, по што неговата кригла беше продадена за две илјади евра.

Неколку луѓе, кои биле на концертот на Ширан во Ипсвич, дадоа изјави за „Мејл онлајн“: „Одличен мини настап на Ед Ширан во Ипсвич. Неговиот роден град. Само што се појави во нашето градско собрание, откако купил гитара од локална продавница“, рече еден.

Еден скромен човек доаѓа во Ипсвич и ни свири неколку фантастични хитови, и на крајот ја дава својата гитара на 10-годишен гитарист. Фала, Ед“, додаде друг.

Можете да прочитате

Европскиот шампион во мотоциклизам Мијалков стана татко по втор пат

УКИМ на Startup Revolution AI Summit 2025 и претставување на европскиот проект TECHSIGHT

Прославата „Свадбена ноќ“ на духовниот учител Руми ќе привлече десетици илјади посетители во Коња во Туркије