Утрински Весник
Свет

Се преврте туристички брод во Полска, три лица загинаа

Се преврте туристички брод во Полска, три лица загинаа

Три лица загинаа откако дрвен туристички брод се превртел во Гдањск, Полска, јави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

Четиринаесет лица, вклучително и двајца членови на екипажот, беа на бродот Галар Гдански кога се преврте на реката Мотлави.

Државната противпожарна служба соопшти дека починатите лица во најкраток можен рок биле извлечени од водата и се направиле сите обиди за реанимација.

На местото на несреќата констатирана е смрт на 60-годишен маж, а други две лица подоцна починале во болницата каде што им била укажана помош. Локалните медиуми јавуваат дека една од жртвите била бремена.

Градоначалничката на Гдањск, Александра Дулкиевич, инцидентот го нарече голема трагедија.

Таа рече дека ќе се направи обид што поскоро да се расветлат причините за страшната несреќа и додаде дека на сите преживеани им е укажана стручна медицинска и психолошка поддршка.

Галар Гдански, дрвен брод, долг околу девет метри, може да прими до 12 патници и двајца членови на екипажот.

Тоа е копија на полски брод кој бил популарен во 18 век и се користел за транспорт на стоки по реката,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња