Утрински Весник
Свет

Руските функционери бараат одмазда за експлозијата на мостот на Крим

Украински функционер: Украински служби стојат зад нападот на мостот на Крим

Некои руски официјални лица повикаа на одмазда за експлозијата што вчера сериозно го оштети мостот на Крим што ги поврзува Крим и Русија.

dobivaj vesti na viber

„ Против нас се води нескриена терористичка војна“, изјави за агенцијата РИА Новости пратеникот на руската владејачка партија Олег Морозов.

Агенција Франс прес ја цитираше изјавата на рускиот функционер Кирил Стремусов: „Сите чекаат одмазднички удар и тој веројатно ќе дојде“.

Се огласи и Владимир Рогов, проруски лидер во Запорожје, кој рече дека „терористичка Украина мора да биде уништена“.

Но сојузникот на Путин, Дмитриј Медведев, кој вообичаено зборува многу жестоко против Украина и Западот, сè уште не коментира ништо за мостот.

Мик Рајан, пензиониран австралиски генерал-мајор кој сега работи во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон, рече дека дури и ако Украинците не стојат зад експлозијата, таа претставува „голема победа за Украина во операцијата за демонстрација на удари“.

„ Тоа е демонстрација на Русите и на остатокот од светот дека руската армија не може да заштити ниту една провинција што неодамна ја анектираше“ вели тој.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината