Утрински Весник
Свет

Претседателски избори во Австрија, Ван дер Белен фаворит

Претседателски избори во Австрија, Ван дер Белен фаворит

Австријците денеска одат на претседателски избори, каде го очекуваат реизборот на претседателот Александар Ван дер Белен, кој се смета за „светилник на стабилноста“ додека алпската членка на Европската унија се бори со енергетската криза и инфлацијата.

dobivaj vesti na viber

Водејќи кампања под слоганот „јасност“, Ван дер Белен е фаворит за втор мандат, а неговите шест противници, сите мажи, заостануваат далеку зад него.

„ Најголем противник во недела ќе биде каучот“, рече во петокот на последниот предизборен митинг 78-годишниот професор по економија и ги повика граѓаните да излезат на гласање.

Според анкетите, проевропскиот либерал освојува повеќе од 50 отсто од гласовите, па Австрија најверојатно ќе го избегне вториот круг на гласање.

Право на глас имаат околу 6,4 милиони луѓе од вкупно девет милиони жители во Австрија.

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела