Утрински Весник
Свет

Пукање за време на средношколски натпревар во САД, ранети тројца луѓе

Пукање за време на средношколски натпревар во САД, ранети тројца луѓе

Три лица се застрелани за време на средношколски фудбалски натпревар во Толедо, Охајо, а нивната состојба не е опасна по живот, соопшти полициската управа во Толедо.

dobivaj vesti na viber

Двајца возрасни и еден ученик биле застрелани и пренесени во локалната болница.

Натпреварот се играл вчера во средното училиште Витмер, а пукањето се случило на улицата веднаш до стадионот. По пукањето на стадионот настанало стампедо, а играта била прекината.

Полицијата уапси две лица за кои велат дека се поврзани со пукањето.

„ Длабоко сме тажни што забавното ривалство вечерва беше прекинато со акт на насилство на улица за време на натпреварот. Она што го знаеме во овој момент е ограничено и нема да шпекулираме додека не се дознаат дополнителни детали. Ваков настан за секого во училишниот оркуг е најлошиот кошмар“, рече директорката на локалното училиште, Кади Анштад.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени