Утрински Весник
Македонија

(Видео) Лефков: Соларниот картел има длабоки врски во СДС

(Видео) Лефков: Соларниот картел има длабоки врски во СДС

Аферата „Броило“ раѓа нови факти. Соларниот картел сконцентриран околу дезертерот Ковачевски, кој е фатен како врти 26 милиони евра, ги открива и длабоките корени, кои овој картел ги има во самата СДС. Имено Горанчо Паунов, освен што е кум на Ковачевски, освен што е основач на КМГ ЕОЛ Квазар, освен што е коосновач на „Пиксел груп“ заедно со Ковачевски е и партиски пиун во СДС, изјави на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој истакна дека во 2005-та година Горанчо Паунов, тогаш е актуелен претседател на општинската организација на СДС во Гази Баба, и на локалните избори во 2005-та година, СДС го става на листата за советници во општинскиот Совет. Практично кумот на Ковачевски е советник во Советот на Општина Гази Баба во мандат од 2005-та до 2009-та година. Согласно актуелните случувања и кривичната пријава, која Горанчо Паунов ја има за извршен надзор на проектот за поставување на улични лед светилки и бандери во Гази Баба. Кој што криминал е тежок над 11 милиони денари покажува дека Горанчо Паунов уште во далечната 2005-та година, ги поставува корените, за сега само од позиција на бизнисмен СДС да го ангажира него и неговата фирма за вршење на надзорот каде Финансиската полиција утврдува дека се ставани потписи за нешто што воопшто не постои.

Лефков додаде дека вториот факт за поврзаноста на Паунов, не само со Ковачевски, туку и со СДС е неговото именување за кандидат за советник во Советот во Град Скопје во 2009-та година. Функциите во СДС продолжуваат и во 2013-тата година, кога кумот на Ковачевски е избран за претседател на Советот за инвестиции и инфраструктура, партиска позиција во рамки на СДС.

Лефков наведува дека по доаѓањето на СДС на власт, во 2017-та година, почнува бумот на соларниот картел. Ковачевски и неговиот кум преку фирмите од аферата „Броило“, која зазема милионски димензии земаат државни тендери во вредност од 2 милиони евра, и склучуваат договор со ЕВН исто во износ од 2 милиони евра.

Аферата „Броило“ откри дека кумот и кумашинот работат за личен, но и партиски бизнис интерес. Ние продолжуваме со објавување на детали од соларниот картел, за кој одговорност мора да има, изјави Лефков.

Можете да прочитате

Апасиев до Мицкоски по нападот врз Арсовска: До кога ќе слугуваш на битангите од ВРЕДИ?

Јакимовски: Треба ли некој да биде убиен за да се освестиме!?

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите