Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски да објасни што прави во друштво со претседателот на бугарскиот клуб?

СДСМ: Мицкоски да објасни што прави во друштво со претседателот на бугарскиот клуб?

Лицемерниот Христијан Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да им објасни што прави во друштво со претседателот на контроверзниот бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис Трети“? ВМРО-ДПМНЕ е партија којашто е иделошки поклоник на луѓето што биле извршители на Третиот Рајх и во својот статут има континуитет со Ванчо Михајлов, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата додаваат дека граѓаните знаат дека фигура на Ванчо Михајлов беше поставена во Музејот во Ново Село во Штип и во Музејот во Скопје, како дел од криминалот проект Скопје 2014-та година. Лицемерно, безобразно и дрско е ВМРО-ДПМНЕ, партијата којашто е иделошки поклоник на луѓето кои што биле извршители на Третиот Рајх да ја обвнува било кого.

СДСМ секогаш била на вистинската страна на историјата за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните очекуваат одговори од Мицкоски, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана