Утрински Весник
Спорт

Баскет Њуз: Мициќ е број 1 во Евролигата

Баскет Њуз: Мициќ е број 1 во Евролигата

Српскиот репрезентативец, кошаркарот на Анадолу Ефес, Василије Мициќ е најдобар играч на Евролигата по избор на порталот „Баскет Њуз“.

dobivaj vesti na viber

Во анкетата учествуваа 33. играчи, тренери на сите клубови од Евролигата, генерални менаџери и претставници на медиумите.

Најголема доверба од сите доби Мициќ, кој во претходните две сезони го водеше тимот од Истанбул до титулата во Евролигата.

Мициќ доби 322 поени, седум повеќе од Никола Миротиќ од Барселона, а трет е Мајк Џејмс, членот на Монако со 313 гласа.

Шејн Ларкин (Ефес), Еди Таварес (Реал), Вил Клајбурн (Ефес), Саша Везенков (олимпијакос), Гершон Јабуселе (Реал), Костас Слукас (Олимпијакос) и Кевин Пангос (Олимпија Милано) го најдоа своето место меѓу првите десет.

Новата сезона во Евролигата ќе започне вечерва со дуелите Панатинаикос-Реал Мадрид и Асвел-Олимпија Милано.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина