Утрински Весник
Спорт

Барселона на „Џузепе Меаца“, Ајакс го чека Наполи

Барселона на „Џузепе Меаца“, Ајакс го чека Наполи

По репрезентативната пауза се враќа Лигата на шампионите. Вечерва ќе се одиграат натпреварите од третото коло, во групите А, Б, Ц и Д. Дербито е на „Џузепе Меаца“, каде Интер ќе ја пречека Барселона.

dobivaj vesti na viber

Интер е во криза, има три порази на последните четири натпревари, за разлика од Барселона која без проблеми победува во Примера. Можно е вечерашниот натпревар да биде последен за Симоне Инзаги на клупата на Интер.

Голем хендикеп за Интер ќе биде неиграњето на Марсело Брозовиќ. Проблеми со ростерот има и Барселона, натпреварот ќе го порпушта Роналд Араухо и Жил Кунде.

Група А:
Ајакс-Наполи
Ливерпул-Ренџерс

Табела: Наполи 6, Ливерпул 3, Ајакс 3, Ренџерс 0

Група Б:

Клуб Брж-Атлетико Мадрид
Порто-Баерр Леверкузен

Табела: Клуб Бриж 6, Атлетико 3, Баер 3, Порто 0

Група Ц:
Интер-Барселона
Баерн Минхен-Викторија Плзен

Табела: Баерн 6, Барселона 3, Интер 3, Викторија 0

Група Д:
Ајнтрахт-Тотенхем
Марсеј-Спортинг

Табела: Спортинг 6, Тотенхем 3, Ајнтрахт 3, Марсеј 0

Натпреварите Баерн-Викторија и Марсеј- Спортинг ќе започнат во 18.45 часот, сите останати дуели се играат во стандардниот термин од 21 час.

Можете да прочитате

Британскиот тенисер Енди Мареј ќе се врати на теренот на 18 мај во Женева

Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се пресметаат за вториот билет на „Вембли“

Панатинаикос му се приклучи на Реал на кошаркарскиот фајналфор