Утрински Весник
Свет

(Видео) Руска телевизија објави застрашувачко видео: „Кога ќе ви падне нуклеарна бомба“

(Видео) Руска телевизија објави застрашувачко видео: „Кога ќе ви падне нуклеарна бомба“
Ss2

Руската НТВ објави прилог со наслов „Во пресрет на нуклеарен конфликт – како оружјето за масовно уништување стана дел од геополитичката игра“.

dobivaj vesti na viber

Видеото, всушност, прикажува снимка од нуклеарна катастрофа.

Img 5587

НТВ, која е во сопственост на руската гасна компанија „Газпром“, објави застрашувачка карактеристика за потенцијалниот армагедон што би се случил доколку Русија употреби нуклеарно оружје, со снимки од печурки што се креваат по падот на нуклеарна бомба.

Во тој телевизиски прилог Западот е обвинет дека премногу зборува за нуклеарна војна, а пропагандистите на Путин постојано се закануваат со употреба на оружје за масовно уништување.

„Ние сме во ситуација кога надмоќта во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот“, коментира во прилог Василиј Кашин, политички аналитичар од Вишата економска школа во Москва.

„Моќта на Русија се заснова на нејзиниот нуклеарен арсенал“, додаде тој, а прилогот покажува и како оружјето оди на запад од Краснојарск, град во Сибир.

Ss1

Можете да прочитате

Ненадејно почина уште еден свиркач кој зборуваше за проблеми со Боинг

Протести во Грузија: Десетици илјади на улиците поради законот за „странски агенти“

Ердоган се состана со водачот на турската опозициска ЦХП за првпат по осум години